петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Вкусни и брзи ПИЦА ТОРТИЉИ: Потребни се само неколку состојки за БОГАТ РУЧЕК во кој ќе уживаат сите!

Вкусни и брзи ПИЦА ТОРТИЉИ: Потребни се само неколку состојки за БОГАТ РУЧЕК во кој ќе уживаат сите!

Состојки:

купени тортиљи, доколку не сакате сами да ги направите
сирење
шунка (ситно сечкана)
кечап
шампињони по желба
оригано.

Доколку сакате сами да направите тортиљи, еве го рецептот за тесто:

350 гр пченично брашно
130 гр пченкарно брашно
1 лажичка сол
½ прашок за пециво
2 dl топло млеко
2 лажици масло

Подготовка:

Во сад ставете ги двата вида брашно и измешајте ги со масло, сол и додадете топло млеко. Замесете тесто, покријте го и оставете го да отстои околу 30 минути.

Тестото поделете го така што да добиете 8 дела, обликувајте топчиња и секое од нив расукајте го со сукало додека не добиете многу тенко тесто.

Загрејте ја тавата и пропржете ги тортиљите на многу малку масло, ви предлагаме да користите керамичка тава или тефал со подебело дно. Печете ја тортиљата од секоја страна по околу 1 минута и штом тестото ќе почне да расте и да порумени, тоа е знак дека тортилјата е готова. Испечете ги сите парчиња и држете ги покриени за полесно да се виткаат.

Само наредете ги состојките во тортилја, свиткајте во бурито и печете додека не порумени.

Пријатно!

@recetascondamian Wrap pizza #tortillatrend #wrap #cooking #fastfood #cheese #foodporn #foodie #food #foodtiktok #recipes ♬ Baby Work It – Your Favourite Garçon