Предлог за вкусен и посен десерт-бомбици од суво овошје.
Потребни состојки:
150 г брусници
150 г суви кајсии
50 г суво грозје
100 г мед
100 г мелени бадеми
80 г мелени бисквити
лажичка цимет
Сок од портокал, по желба
Начин на подготовка:
Смелете го сувото овошје, додајте мед, цимет, бисквити и бадеми.
Измешајте, па од добиената смеса обликувајте бомбици и ставете ги во калап.
Оставете ги во фрижидер за да се стегнат.