Спанаќот е без сомнение една од најздравите намирници. Но, треба да се земе предвид дека кога се консумира, најдобро е да подготвуваме онолку колку што ќе јадеме, бидејќи спанаќот, воопшто не се препорачува за подгревање.
Спанаќот е зеленчук кој содржи релативно високо ниво на нитрати, кои се апсорбираат од почвата преку корените.
-Кога спанаќот се остава да отстои, особено ако бил термички обработен, количината на нитрати се зголемува, и тие се претвораат во нитрити во сварениот спанаќ за време на процесот на вриење. Тие се опасни затоа што се комбинираат со амини во организмот и формираат високо канцерогени соединенија кои ги нарекуваме нитрозоамини, објаснил нутриционистот Дагмар фон Крам.
Остатоците од сварениот спанаќ не смеат да се чуваат на собна температура.
Тие треба веднаш да се стават во фрижидер.
Спанаќот може да се јаде суров, како салата. Богат е со витамини А, Ц и бета-каротен и фолна киселина. Овој зеленчук долго време се сметаше за најдобар извор на железо, што е неточно бидејќи не се наоѓа во спанаќот во големи количини. Затоа, не можеме да очекуваме поголеми придобивки од консумирањето спанаќ во третманот на анемија.