Прсти да излижеш
СОСТОЈКИ:
500 гр кајсии
шолја и пол слатка павлака
половина чаша млеко
половина чаша шеќер
сок од половина лимон
ПОДГОТОВКА:
Кајсиите измијте ги, исчистете ги, исечете ги на парчиња, па ставете ги во блендер. Додадете сок од лимон и измешајте во пире. Потоа додадете шеќер, млеко и слатката павлака и мешајте уште неколку минути. Префрлете го во пластичен сад и ставете го во замрзнувач да се олади сладоледот и да се стегне.