понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Врвните готвачи имаат генијален ТРИК за омекнување на месото: Запомнете ги овие совети

Врвните готвачи имаат генијален ТРИК за омекнување на месото: Запомнете ги овие совети

Мајсторите во кујната користат одлични трикови за да го омекнат месото и да го подобрат вкусот.

Ако сте купиле месо кое изгледа убаво на око, но кога сте се обиделе да го подготвите, ви изгледало тешко, познатите готвачи се тука да ви ги олеснат маките.

Варете го месото со овошје

Имено, одредени овошја, како ананас, јаболко, манго, круша, би можеле да ви бидат од помош. Овошјето треба да го исчистите и да го исечете на тенки кришки, а потоа заедно со нив да го ставите месото да се свари, односно да го покриете со кришките.

Лимон

Маринирајте го месото во сок од лимон околу половина час пред да го варите

Маринада

Подгответе рендан кромид и јаболка. Откако ќе го направите тоа, сè измешајте со маслиново масло. Месото ставете го преку ноќ во маринадата во фрижидер да омекне и да стекне совршен вкус.