Сакате месо на скара, пиво и сланина? Тогаш имаме одличен рецепт за бургери кои сигурно ќе ви се доапднат.
Потребно е мешано мелено месо кое прво го обликувате во топчиња. Потоа земате лименка пиво и ја ставате во средината на топчето и месото го обликувате околу лименката.
Следниот чекор е сланината која ја обвиткувате околу местото. Добро зацврстете ја сместа и извадете ја лименката.
Бургерите пополнете ги со желба: зеленчук, чили… Потоа додадете и сирење по желба (околу две коцки сирење за еден бургер), а на крајот можете и да изрендате сирење врз нив.
Кога ќе завршите, бургерите печете ги на скара.