вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

За обожавателите на сирење – рецепт за крцкави и вкусни латиноамерикански палачинки

За обожавателите на сирење – рецепт за крцкави и вкусни латиноамерикански палачинки

Латиноамериканските палачинки од пченка се поразлични од оние на кои сме навикнале – слични се на тортиљите, а полни се со сирење.

Топено сирење во крцкави палачинки од пченка се специјалитет во Венецуела познат како „cachapas“.

Тоа се палачинки кои се подготвуваат од варена пченка, а слободно може да се послужите и со онаа од конзерва, но треба да знаете дека таквата е потечна, па ќе ви биде потребно помалку млеко (доколку користите).

Состојки:

– 400 грама варена пченка;
– 2 лажици стопен путер;
– 1 јајце;
– 35 грама брашно;
– 2 лажици шеќер;
– 1 лажица сол;
– 250 грама моцарела.

Подготовка на пченкарни палачинки:

1. Ставете ги сите состојки, освен моцарелата во блендер. Матете една минута додека не добиете смеса.

2. Загрејте ја тавата и намачкајте ја малку со растително масло. Ставете од тестото и распоредете го во тавата.

3. Пржете неколку минути додека на површината не се појават мали дупчиња, па превртете ја смесата. Пржете околу 2 минути и веднаш наполнете со сирење за малку да се стопи.

4. Послужете!

На здравје!