среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Запечени ПОЛНЕТИ ПИПЕРКИ: Совршен ручек на ПОЛЕСЕН и поинаков начин, идеален за оние кои немаат време да готват

Запечени ПОЛНЕТИ ПИПЕРКИ: Совршен ручек на ПОЛЕСЕН и поинаков начин, идеален за оние кои немаат време да готват

Многумина тврдат дека се подобро дури и од стандардните полнети пиперки

Кога доаѓаат летните денови, полнетите пиперки се број еден на трпезата. Се подготвуваат на различни начини, а повеќето ги полнат со месо.

Овој рецепт е совршен за сите оние кои не се толку искусни во кујната но и за оние кои немаат толку време.

Состојки:

Десет пиперки

400 гр мелено месо

50 гр ориз

еден домат

еден морков

500 мл сок од домати

еден кромид

сол, бибер

Подготовка:

Кромидот ситно се сечка, морковот се ренда, се соединуваат со меленото месо и оризот, па се додаваат зачините. Сè убаво се меша, а најдобро е смесата да ја измешате со раце за да се соединат добро сите состојки.

Пиперките исчистете ги и исечете им ги капачињата, па наполнете ги со подготвената смеса од месо. Направете капаци од доматите и затворете ги полнетите пиперки.

Во садот за печење сипете масло и сок од домати, наредете ги пиперките, а потоа додајте вода колку што е потребно за да ги натопите пиперките.

Садот се покрива со фолија и се става во рерна загреана на 200 степени да се зготват, односно испечат. По 45 минути извадете ја фолијата и оставете ги пиперките да се печат уште половина час. Доколку е потребно, намалете ја температурата на рерната.