вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

ЗДРАВЈЕ ОД ДОМАШНАТА АПТЕКА: Овој чај третира многу болести, но има едно предупредување

ЗДРАВЈЕ ОД ДОМАШНАТА АПТЕКА: Овој чај третира многу болести, но има едно предупредување

Копривата, како и чајот од коприва, со години е дел од традиционалната медицина. Може да се јадат млади листови од коприва, а целото растение е лековито.

Во овој период најдобро е чајот да се подготви и да се пие еднаш дневно. Копривата е богата со витамини А, Ц, К и дел од витамин Б комплекс, од минерали, во составот на копривата има калциум, железо, магнезиум , фосфор, калиум и натриум.

Покрај тоа, ги содржи сите есенцијални амино киселини, корисни масни киселини, полифеноли, пигменти (бета-каротен, лутеин и други).

Има многу придобивки за телото, а ова се само некои од нив:

Традиционално, копривата се користи за болести на уринарните органи, за прочистување на крвта, за анемија, дигестивни проблеми, отежнато дишење и астма, за ревматски проблеми, за намалување на крвниот притисок, за камења во бубрезите, за несоница, за гинеколошки проблеми и за здравје на црниот дроб.

Постојат докази дека копривата го намалува нивото на шеќер во крвта бидејќи содржи состојки кои го имитираат дејството на инсулинот, а некои истражувања сугерираат дека може да помогне при зголемени проблеми со простатата.

Го штити црниот дроб од токсини, тешки метали и воспаленија. Тој е природен диуретик, па му помага на телото да ги исфрли вишокот вода и сол, што исто така привремено го намалува крвниот притисок.

Лапата од коприва ја намалува болката од артритис со запирање на производството на хормони кои поттикнуваат воспаление.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Чајот од коприва не се препорачува за трудници!!!