понеделник, 4. март 2024. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Зеленчук кој е крал на детоксот – го чисти црниот дроб, го намалува нивото на шеќер во крвта и е одличен за целокупното здравје, го користи и Кејт Мидлтон

Зеленчук кој е крал на детоксот – го чисти црниот дроб, го намалува нивото на шеќер во крвта и е одличен за целокупното здравје, го користи и Кејт Мидлтон

Чистењето на организмот е препорачливо и пожелно во било кое годишно доба, а сега искористете го шаренилото и разновидноста на пазарите.

Доколку внесете само една намирница во организмот ќе имате максимален ефект и вашиот црн дроб ќе ви биде многу благодарен.

Станува збор за кељот којшто е најдобриот сојузник на детокс-програмата.

Од сите шејкови и смути, како што пренесуваат британските медиуми, Кејт Мидлтон преферира напиток од кељ затоа што е одличен за зголемување на енергијата, прекрасен е во борбата против анемијата, му помага на телото да се бори против инфекции, го чисти црниот дроб и дигестивниот систем, ги уништува бактериите и делува антисептично.

Кејт, одамна е голем фан на зелените сокови поради кои медиумите ѝ го дадоа прекарот „smoothie queen“.

Зошто кељот толку е здрав?

Кељот содржи фитонутриенти меѓу кои се сулфорофан којшто влегува во црниот дроб и ја подобрува природната детоксикација, но тука е и кампферолот којшто се бори против слободните радикали и има „антиејџ“ дејство.

Калциумот во кељот доаѓа во комбинација со магнезиумот којшто е неопходен за калциумот да се искористи во организмот. Кељот е еден од најдобрите извори на витамин К, а токму витаминот К е каталитичка супстанција во метаболизмот која го регулира тоа дали тој ќе отиде во коските или ќе остане во крвотокот и ќе се наталожи во некое оштетено место во крвните садови.

Притоа, во 100 грама кељ има речиси 20 отсто потребна дневна количина на растителни влакна поради што помага во варењето на храната, ја намалува опстипацијата и го намалува нивото на шеќер во крвта.

Има само 36 калории и нема воопшто масти.

Рецепт за смути

Состојки: 5 големи лисја кељ, сок од еден лимон, 1 јаболко, парче свеж ѓумбир, неколку лисја нане.

Подготовка: Во блендер ставете ги сите состојки и додадете 120 милилитри ладна вода.

Овој напиток е идеален како ужина, но добар е и како замена за појадок, особено за оние кои не сакаат дајадат наутро.