четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Зелените банани благотворни за шеќерот во крвта и за топењето масни наслаги

Зелените банани благотворни за шеќерот во крвта и за топењето масни наслаги

Бананите се здрави од повеќе гледишта, па можат да помогнат и при отстранувањето масни наслаги од стомакот.

Доколку сакате да се ослободите од вишокот масти, како што вели нутриционистката Кејт Нетс – важно е да ја врамнотежите и дигестивната флора. Бананите помагаат во тоа, така што им помагаат на добрите бактерии.

– Бананите се богати со пробиотични влакна и познато е дека го зголемуваат количеството бифидобактерии во цревата. Истражувањата покажаа дека здравите количини на бифидобактерии можат да помогнат во губење на тежината и да го подобрат метаболичкото здравје, додаде таа.

Кога живеете или работите во стресна средина, нивото на кортизол е високо, поради што „копнеете по храна полна со шеќер“, смета д-р Сандра Ел Хаџ.

– Тоа е една од главните причини поради којашто луѓето се дебелеат. Бананите можат да помогнат да се избегне желбата за шеќер, првенствено затоа што му даваат на телото големи количини магнезиум, којшто помага да се контролира нивото на стрес, а вие сте сити подолго, објасни таа.

Тоа го потврдува и д-р Дон Гранд. – Потребно е долго време за телото да ги свари влакната, што прави да се чувствувате сити подолго време, истакнува тој.

А, тоа пак, ја подобрува чувствителноста на инсулин, особено ако се обидувате да го намалите внесот на јаглени хидрати.

– Бананите ја подобруваат чувствителноста на инсулин, што му помага на телото подобро да ја разгради гликозата, а тоа му помага на слабеењето. Бананите се одличен извор на отпорен скроб, којшто позитивно влијае на отпорноста на инсулин, според Триста Бест.

Уште повеќе, со правилна вежба и, секако, благодарение на бананите, исхраната останува врамнотежена, а резултатите од вежбањето се повидливи.

– Вашите тренинзи можат да бидат поделотворни, бидејќи ќе чувствувате помалку грчеви во мускулите. Тоа обично се поврзува со нерамнотежата на електролити, особено со калиумот, а бананите се полни со калиум. Ја намалуваат апсорпцијата на шеќер, а оние малку понезрелите се многу покорисни за отстранување на маснотиите, појасни тој.

– Незрелите банани се богати со квалитетен скроб и имаат многу малку шеќер. Овој скроб е несварлив и делува како влакна. Ја намалува и апсорпцијата на шеќер, нагласува д-р Мадатупалаџам Маданкумар.

– Колку е позелена бананата, толку поотпорен скроб се содржи во неа. Отпорниот скроб помага во контролирање на метаболизмот, т.е. на јагленохидратите, што ја подобрува и контролата на шеќерот во крвта, а исто така го помага варењето, се надоврзува нутриционистката Силвија Карли.

Освен тоа, незрелите банани содржат иста количина витамини и минерали како и зрелите, пишува „Eat this“. (МИА)