четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Знаете дека е здраво, но не сте свесни колку – еве зошто треба да го јадете ова вкусно овошје

Знаете дека е здраво, но не сте свесни колку – еве зошто треба да го јадете ова вкусно овошје

Ова овошје содржи неверојатна количина на витамини и на минерали, а бројни истражувања докажале дека лекува многу здравствени проблеми

Сите уживаме во вкусот и мирисот на дињата, а не сме ни свесни колку е лековите. Содржи малку калории, па им се препорачува на сите оние што се обидуваат да ги намалат килограмите, освежува и преполна е со витамини и други важни состојки неопходни за организмот, го сопира растот на клетките на рак и лекува дијабетес.

Содржи околу 88% вода и само 11% шеќер, па се препорачува нејзина примена неколку пати во текот на денот. Витаминот А од дињата е неопходен за добар вид и тен, а покрај тоа содржи и витамин Ц. Овие два антиоксиданси го штитат организмот од кардиоваскуларни заболувања и од стареење.

Го штити здравјето на очите

Дињата содржи нутриенти важни за здравјето на очите, бета каротен (од кого се ослободува витамин А), витамин Ц, лутеин и зеаксантин. Со оглед на тоа што бројни истражувања докажале дека недостигот на витамини А и Ц може да доведе до глаукома и макуларна дегенерација, па дури и до слепило, дињата е одличен избор за спречување или забавување на развојот на овие нарушувања.

Го регулира крвниот притисок

Дињата содржи влакна, калиум, витамин Ц и колин, кој го подобрува здравјето на срцето, го регулира холестеролот и крвниот притисок.

Ја спречува појавата на камен во бубрег

Внесувањето калиум е поврзано со намалувањето на ризикот од губење на мускулната маса. Овој минерал, исто така, ја спречува појавата на камења во бубрегот.

Ја регулира дигестијата

Дињата е добар избор за оние со осетлив желудник, бидејќи содржи ензими и не ја троши енергијата на организам на варење храна. Поради изобилството на влакна и вода спречува констипација и помага за регулација на дигестијата, го подобрува здравјето на дигестивниот тракт и го поттикнува исфрлањето на токсините од цревата.