Урмите се одличен додаток на секој оброк. Докторите откриваат дека урмите помагаат при слабеење и дека доволно е да јадете три дневно, кои ќе ви ја дадат потребната енергија, без да се наполните со нездрава храна.
Лутеинот и зеаксантинот спаѓаат во групата на каротеноиди, а кај луѓето овие две супстанци ги филтрираат високоенергетските бранови должини на видливата светлина и делуваат како антиоксиданти, со што ја штитат ретината (мрежницата на окото) од можни оштетувања предизвикани од светлината. Студија објавена во 2007 година покажува дека макулата на окото има помала веројатност да се дегенерира како што луѓето стареат ако консумираат храна богата со овие супстанции.
Тие содржат фосфор, а тој игра важна улога како „храна за мозокот“. Поради оваа причина, урмите се препорачуваат во исхраната на луѓето кои се занимаваат со интелектуална работа. Урмите брзо му ја даваат потребната енергија на мозокот и мускулите, бидејќи содржат природни шеќери како гликоза, сахароза и фруктоза.
Урмите содржат елементарен хлор, кој се користи за заштита на забите од расипување. Зрелите урми содржат витамини А, Ц, Б1, Б2 и ниацин. Урмите се исто така добар извор на натриум, магнезиум, калциум и железо.
Тие се богат извор на железо, а нивното секојдневно консумирање е одлична превенција од анемија (и терапија за оние на кои им недостига железо) – 100 грама урми содржат околу 10 проценти од препорачаната дневна вредност на железо.
Природниот шеќер кој се наоѓа во урмите е совршена алтернатива на обичниот шеќер. Лесно се вари и го намалуваат чувството на глад. Доволно е да јадете урми и веќе нема да имате желба за чоколадо или некое друго слатко, а ќе уживате во неверојатно слаткиот вкус, кој не може да се спореди со вкусот на индустриските слатки.