понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Големите маки на момчето со замрзната фризура (ФОТО)

Големите маки на момчето со замрзната фризура (ФОТО)

Кога простигнал на училиште во понеделникот, малиот Ванг Фуман имал замрзната фризура. Трепките и веѓите исто така му биле замрзнати. Момчето од Кина пешачело до училиште 4,5 километри на температура од -9 степени.

Малиот Ванг живее со постарата сестра и со баба им во земјена куќарка. Родителите ги гледа само некоку пати годишно, зашто почнале да работат во голем град.

Иако дента било многу студено, не сакал да отсуствува од тестот по мактематика. Сепак, маките на малиот Ванг не завршиле кога влегол во училницата – поради немање пари Ванг и другарчињата прават писмена по математика во замрзната училница.