понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Преживеала пекол: Роди дете на 12 години откако нејзиниот брат ја силувал, но најтешкото следуваше подоцна (ФОТО)

Во моментот кога ќерката Аријана прв пат ја земала на своите гради, Треса Мидлтон имала помешани чувства: неизмерна радост, но и тага по девојчето кое морала да го даде на посвојување кога имало само две години.
Преживеала пекол: Роди дете на 12 години откако нејзиниот брат ја силувал, но најтешкото следуваше подоцна (ФОТО)

Девојката која во 2006. година родила дете, откако нејзиниот брат ја силувал и на 12 години станала најмлада мајка во Велика Британија, денес има 24 години, а во октомври минатата година повторно станала мајка.

Во моментот кога ќерката Аријана прв пат ја земала на своите гради, Треса Мидлтон имала помешани чувства: неизмерна радост, но и тага по девојчето кое морала да го даде на посвојување кога имало само две години.Фактот што нејзиниот брат ја силувал бил вистински хорор, но за неа е најтешкото искуство тоа што морала да се одвои од детето и да го даде на други.

И таа признава дека мајчинството по втор пат во исто време било и горко и слатко искуство.

-Почувствував чиста среќа во моментот кога Аријана се роди. Бидејќи, имаше моменти кога мислев дека никогаш нема да имам друго дете, признава Треса.

-Но, во исто време чувствувам и вина. Бидејќи Аријана е со мене, а постарата ќерка не е, вели таа и додава дека нејзината ќерка секогаш ќе знае дека има постара сестра.

-Уште сега и зборувам за тоа, иако не ме разбира, вели таа.

Најголема желба на Треса е Аријана да има нормално детство, и да знае дека е сакана и безбедна.

Таа самата тоа го немала. Нејзината мајка Треси Талонс била алкохоличарка и зависник од дрога.

Нејзиниот брат Џејсон почнал сексуално да ја вознемирува кога имала 7 години, а четири години подоцна останала бремена по силување.