понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Мицкоски го предвиде економскиот колапс

Мицкоски го предвиде економскиот колапс

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во едно од своите видео обраќања го предвиде економскиот колапс. Тој дури и посочи дека ќе биде благодарен ако до крајот на годината растот на БДП заврши со нула.

Според извештајот што го објави ДЗС за последниот квартал од 2017 година, Република Македонија бележи 0% економски раст.

Тоа е уште еден доказ дека македонската економија стагнира и убедливо е на дното кога СДСМ е на власт.

Пред само неколку недели, Мицкоски во едно од своите видео обраќања предвиди дека Република Македонија ќе има негативен раст во економијата.

-Во продолжение ќе споменам неколку аргументи и факти на што се темели оваа моја анализа. Имено БДП во првите три квартала е некаде околу 0,4 проценти под нулата, што значи дека има негативен раст, а до крајот на година би биле среќни ако завршиме со нула. Што претставува едно од најлошите достигнувања од осамостојувањето на Република Македонија па до денес, истакна Мицкоски.

Граѓаните во Република Македонија се за 11 проценти посиромашни на 31 декември 2017-тата година, споредно со она што било 31 декември 2016-тата година.

Сето ова е само уште еден резултат на погрешните и лоши политики кои што владата предводена од СДСМ ги практикува во Република Македонија.