четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

НУК: Угостителите со новите мерки ќе претрпат штети во висина од 18-22 милиони евра

НУК: Угостителите со новите мерки ќе претрпат штети во висина од 18-22 милиони евра
МИА

Независната угостителска комора не се согласува со новите предлог мерки на Комисијата за заразни болести, меѓу кои доколку Владата ги усвои, работното време на угостителските објекти ќе биде до 18 часот за време на празниците односно од 18 декември до 21 јануари.

Од НУК велат дека ги почитуваат сите досегашни одлуки, а доколку се донесат и новитѕе, Владата веднаш треба да донесе нов сет директни мерки за угостителите со кои ќе помогнат да се надоместат загубите и штетите.

-Сакаме да напоменеме дека како што е обврската на Министерот за здравство Венко Филипче да делува во интерес и заштита на здравјето на граѓаните, на Независната угостителска комора и останатите здруженија е исто така обврска да ги заштитат интересите и здравјето на сите угостители и угостителски работници кои се погодени од одлуките и мерките кои се носат во име на пандемијата Ковид-19. Нашето внимание е денес насочено кон закажаната седница на Владата на која треба овие одлуки да бидат разгледани и усвоени. Спрема нашите груби првични економски процени новата рестриктивна мерка на угостителите ќе донесе директни загуби односно штета во висина од 18-22 милиони евра во угостителската индустрија кои доколку Владата не интервенира на време ќе мора угостителите самостојно да бараат начини да ја покријат и покрај тоа што нема да бидат во можност да работат, велат од НУК.

Оттаму посочуваат дека новата одлука ќе примора дел од угостителите да направат повторно рационализација на трошоците особено во делот на вработените, со исклучок на оние што успеале да користат субвенции за плати кои се приморани да ги задржат своите вработени и во наредните 2 месеци и покрај тоа што нема да можат да работат односно нема да имаат услови да обезбедат работа и остварување на приходи.

-За крај ги прашуваме дали серозно и навистина Министерот Венко Филипче и членовите на Комисијата за заразни болести сметаат дека само со селективни рестриктивни пораки наменети за угостителската индустрија ќе допринесат во грижата за заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните или можеби треба малку да прошетаат по улиците низ градовите, трговските центри и да видат колку во останатите индустрии се погрижија со соодветни препораки и протоколи реално да допринесат во интересот и заштита на здравјето на граѓаните, велат од НУК.