Четири лица се повредени откако автомобил „Ауди“ со струмички регистарски ознаки излета од патот Берово-Струмица.
Несреќата, информира МВР се случила вчера вечерта во 20:40 часот.
-Во незгодата возачот И.Г.(39) од Радово и тројца сопатници Н.С.(37) од с.Просениково, М.А.(39) од Струмица и В.М.(37) од с.Добрејци, се здобиле со повреди констатирани во Медицинскиот центар Струмица, велат од полицијата.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Берово.