Сообраќајна незгода помеѓу запрено товарно возило „ман Ф200“, со струшки регистарски ознаки, управувано од Ц.Т.(34) с.Ботун, општина Дебарца и „Ауди“, со охридски регистарски ознаки, управувано од С.И.(40) од Охрид, се случила вчера.
Од МВР информираат дека несреќата е пријавена на патот Битола – Ресен, на мостот кај с.Кажани.
-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил С.И., по што бил пренесен во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола, информираат од МВР.