понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Автомобил излета од автопатот Тетово-Скопје, возачот тешко повреден

Автомобил излета од автопатот Тетово-Скопје, возачот тешко повреден
илустрација

Денеска (28.09.2023) во 02.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Тетово-Скопје, патничко возило „шкода“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од С.А.(52) од гостиварско, излетало надвор од коловозот, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.