На 01.06.2022 околу 17.00 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот Велес – Скопје, после местото викано „Кула“, патничко возило „сангјонг корандо“, со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од П.С.(34) од Кавадарци, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.
Увид на местото извршила екипа од СВР Велес.