недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Автомобил излета од пат, повредени возачот и сопатничка

Автомобил излета од пат, повредени возачот и сопатничка
илустрација

Денеска (26.07.2023) во 00.23 часот во Полициското одделение Македонска Каменица било пријавено дека на локалниот пат Македонска Каменица-с.Цера, патничко возило „мазда“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од Г.А.(43) од Македонска Каменица, излетало надвор од патот, информира МВР.

Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобила сопатничката С.А.(32) од Македонска Каменица, констатирани во Клиничката болница Штип.

Увид извршила екипа од Полициското одделение Македонска Каменица.