вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Автомобил излета од пат, тешко повредено младо момче

Автомобил излета од пат, тешко повредено младо момче

Патничко возило „сеат леон“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ѓ.(23) од с.Ерџелија, излетало од локалниот пат с.Ерџелија – с.Кадрифаково.

Несреќата, информира МВР била пријавена вчера во 14 часот.

-Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Штип, информираат од полицијата.