сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Автомобил излета од пат во штипско, тешко повреден возачот

Автомобил излета од пат во штипско, тешко повреден возачот
илустрација

На 31.03.2023 во 05.54 часот на регионалниот пат Кадрифаково-Штип, во правец од крстосница со с.Варсаково кон крстосница со с.Три Чешми, во близина на клучка со с.Врсаково – Штип, К.Ф.(66) од Штип, управувајќи патничко моторно возило „цитроен Ц3“ со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото излетал надвор од коловозот, информира МВР.

Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип.

Увид на местото извршила увидна екипа од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Штип.