четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Автомобил излета од патот Градско-Прилеп, тешко повредена девојка (18)

Автомобил излета од патот Градско-Прилеп, тешко повредена девојка (18)

Тинејџерка е тешко повредена во сообраќајна несреќа која се случила околу половина час по полноќ на  магистралниот пат Градско – Прилеп.

-Патничко моторно возило „фолксваген поло“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Д.М.(23) од Росоман, излетало од патот, информира МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возилото З.Б.(18) од с.Трстеник, констатирани во болницата во Кавадарци.

Бил извршен увид на местото на настанот.