вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Автомобил се преврте во прилепско, момче тешко повредено

Автомобил се преврте во прилепско, момче тешко повредено

Момче е тешко повредено во сообраќајна несреќа која минатата ноќ околу 3 часот се случила на локалниот пат село Мраморани – село Дупјачани во Прилеп.

-Велешанецот Д.П.(21) управувајќи возило „Сеат Ибица“ со велешки регистарски ознаки изгубил контрола над возилото, преминал на левата страна од коловозот, по што се превртел. Во незгодата со тешки повреди се здобил сопатникот Д.П.(20) од Велес, кој со возило на итна медицинска помош е пренесен во Општа болница-Прилеп, каде е задржан на лекување, информираат од МВР.

Увид на лице место извршиле јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Прилеп.