Околу половина час по полноќ, на крстосницата од булеварите „Србија“, „Видое Смилевски -Бато“ и „Јане Сандански“, патничко возило „Пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.К. (24) од Скопје, удрило во 15-годишна девојка која управувала велосипед.
-Од ударот со тешки телесни повреди се здобила велосипедистката која со возило на Итна медицинска помош била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде и била укажана лекарска помош и била задржана на понатамошно лекување, информираат од МВР.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.