СВР Штип поднесе кривична пријава против А.К.(29) од Берово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
На 27.01.2021, полициски службеници од Полициската станица Берово извршиле претрес во дом и помошни простории кај пријавениот, при што пронашле и одзеле засадено растение канабис.