среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Битолчанка тешко повредена по удар од автомобил

Битолчанка тешко повредена по удар од автомобил

Жена се здобила со тешки повреди откако била удрена од автомобил.

Несреќата се случила вчера околу 07.30 часот на крстосница од улиците ,,Арон Ароести “ и  ,,Минела Бабуковски“ во Битола.

Автомобил „Мицубиши“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Љ.С.(36) од Крушево удрил во пешакот Х.Н (58) од Битола.

-Од ударот Х.Н. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Клиничката болница Битола, каде и била укажана лекарска помош, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола.