петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Четири девојки излетале со автомобил кај Драчево – еве ги деталите

Четири девојки излетале со автомобил кај Драчево – еве ги деталите

На 06.06.2023 во 05.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Количани-с.Драчево, скопско, патничко моторно возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(19) од Скопје, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката С.М.(18) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле М.С. и уште две сопатнички М.Д.(20) и М.М.(18), двете од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.