Четири лица меѓу кои има двајца малолетници се повредени во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 17.20 часот на ул.„Јустинијан Први“.
Во несреќата учествувале автомобил „опел вектра“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Р.Т.(52) од Скопје и „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.И.(40) од Скопје.
–Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Р.Т., а со телесни повреди се здобиле А.И. и уште двајца малолетни сопатници од истото возило, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информираат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.