недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Четворица повредени при судир на автомобил и возило на МВР

Четворица повредени при судир на автомобил и возило на МВР
илустрација

На 20.08.2023 во 16,30 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на крстосницата од ул.„Тризла“ со ул.„Петар Ацев“ се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.С. (59) од Прилеп и возило „фолксваген“ сопственост на МВР, а управувано од полициски службеник од ОВР Прилеп, велат од МВР.

Притоа, со телесни повреди се здобиле С.Ј., М. Ј., М. Ј. и М.С., констатирани во болницата во Прилеп.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Прилеп.