понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Дебранец доби кривична пријава, на државна сопственост изградил станбен објект

Дебранец доби кривична пријава, на државна сопственост изградил станбен објект
илустрација

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Р.Ц.(57) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“.

Тој, во текот на 2022 година, на катастарска парцела во селото Елевци, во државна сопственост, со површина од 195,6 метри квадратни, без соодветна документација за градба издадена од надлежен државен орган изградил станбен објект со што се стекнал со противправна имотна корист.