среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Детали: Четири возила учествувале во тешката сообраќајка кај Росоман, интервенираат и пожарникари

Детали: Четири возила учествувале во тешката сообраќајка кај Росоман, интервенираат и пожарникари

Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово на патот од Прилеп кон Градско кај Росоман. Затворен е патот за движење преку Росоман, потврди за МИА, портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев. Повеќе детали, се најавуваат за подоцна.

На терен интервенира и Територијалната противпожарна единица од Кавадарци со две возила и шест пожарникари.

Според првичните информации, во сообраќајната незгода учествувале четири возила.

Сообраќајната незгода е после кафеаната кај росоманското село Камен дол и мора да се врти преку Кавадарци.

Според Авто мото сојузот на Македонија, патот е во прекин од 06:40 часот.