вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

ДЕТАЛИ: Приведени двајца од автобусот со лажни ПЦР тестови- еве што ги очекува останатите 28 патници

ДЕТАЛИ: Приведени двајца од автобусот со лажни ПЦР тестови- еве што ги очекува останатите 28 патници

Денеска на граничниот премин „Деве Баир“, при контрола во автобус на туристичка агенција од Скопје, полициски службеници од Одделот за гранични работи и миграции откриле 30 ПЦР тестови за Ковид-19, за кои постои основано сомнение дека не се валидни, односно дека не се извадени од овластена медицинска установа.

Тестовите биле приложени од патниците и по направени дополнителни проверки, биле одземени.

Од слобода биле лишени двајца албански државјани и биле изведени пред Судија на претходна постапка.

За останатите 28 патници – македонски државјани ќе бидат направени дополнителни проверки и против нив ќе бидат поднесени пријави до Основното јавното обвинителство по член 206 и член 378 од Кривичниот законик.