петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

ДЕТАЛИ ЗА ПУКАЊЕТО ВО ИСТ ГЕЈТ: Двајца повредени, пукано кон Раде Трајковски Штекли

ДЕТАЛИ ЗА ПУКАЊЕТО ВО ИСТ ГЕЈТ: Двајца повредени, пукано кон Раде Трајковски Штекли

Две лица се повредени во пукањето во трговскиот центар Ист Гејт, велат првичните информации од МВР.

Денеска (24.10) од трговскиот центар Ист Гејт во Скопје е пријавено дека било пукано кон две лица кои се здобиле со повреди и се пренесени во болница за укажување помош. Полициски екипи се упатени на лице место и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од Министерството.

Според првичните информации, едно од лицата е со потешки повреди и е пренесено во Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“, додека другиот повреден е во ГОБ „Св. Наум Охридски“.

Дел од медиумите, неофицијално објавуваат дека е пукано кон Раде Трајковски Штекли и уште едно лице. Кон него, на истото место беше пукано и на 25 август годинава, но не беше погоден.

Тогаш маскираните лица кои пукаа од возило ауди со странски регистарски таблички избегаа од местото, а возилото беше пронајдено запалено кај езерото Треска кон Грчец.

Раде Трајковски-Штекли, се поврзуваше и со истрагата за убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев. По првичните сомнежи, во истрагата за убиството не беа најдени докази за Трајковски и тој не беше обвинет.

Штекли беше уапсен во Грција во 2011-та како осомничен во Италија за местење на фудбалски натпревари. Трајковски тогаш беше екстрадиран во Италија каде имаше и судење за големиот случај со наместени натпревари во италијанскиот фудбал.