вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Детали за сообраќајката кај Собрание, тинејџер тешко повреден

Детали за сообраќајката кај Собрание, тинејџер тешко повреден

На 06.07.2023 во 20.25 часот било пријавено дека во Скопје на крстосницата од ул.„11 Октомври, ул.„Филип Втори Македонски“ и ул.„Даме Груев“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“, управувано од К.Д.(44) од Скопје и мопед „сим“, управуван од Д.К.(18) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.