петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Детали за сообраќајката кај Ново Село, усмртен пешак

Пешак бил усмртен во сообраќајна несреќа која вчера попладне се случи на магистралниот пат Струмица-Граничен премин Ново Село, во с.Ново Коњарево, потврдуваат од МВР за Курир.

-Во 17 часот во СВР Струмица било пријавено дека патничко возило „фолксваген голф“ со бугарска национална ознака, управувано од О.П.(67) од Република Бугарија, удрило во пешакот А.С.(72) од с.Ново Коњарево, велат од МВР за Курир.

Во несреќата пешакот починал на местото, а смрт констатирала екипа од Итна медицинска помош.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица.