Две товарни и едно патничко возило учествувале во сообраќајна несреќа која утринава во 08:15 часот е пријавена во полиција, потврдуваат од МВР за Курир.
Сообраќајката се случила на магистралниот пат Струмица – Радовиш кај с.Радичево.
Според првичнте информации едно лице се пожалило на повреди, но нема детали за карактерот на повредите.
Од МВР за Курир вела дека патот е затворен за сообраќај во двата правци, а полициски екипи на лице место вршат увид.
Сообраќајот се пренасочува по регионален пат (стариот пат).