среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

ДЕТАЛИ ЗА СООБРАЌАЈКАТА НА РУЗВЕЛТОВА: Загубил контрола над автомобилот, па сам се забил – тешко повредени млади Скопјани

ДЕТАЛИ ЗА СООБРАЌАЈКАТА НА РУЗВЕЛТОВА: Загубил контрола над автомобилот, па сам се забил – тешко повредени млади Скопјани

На 26.06.2021 во 02.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Васил Ѓоргов“ и ул.„Франклин Рузвелт“, С.Р.(25) од с.Инџиково, скопско, управувајќи патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, излетал од коловозот.

Во незгодата возачот и сопатничката С.Ѓ.(24) од Скопје се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.