недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Детали за сообраќајната несреќа на „Рузвелтова“

Детали за сообраќајната несреќа на „Рузвелтова“

Две лица се повредени во сообраќајната несреќа што се случила рано утрово на улицата „Френклин Рузвелт“ во Скопје. Како што соопштуваат од СВР Скопје за „Република“, во судирот учествувале две возила, „голф“ со скопски регистерски таблички управуван од 23-годишниот скопјанец Б.Л. и „хјундаи“ со гостиварски таблички управуван од А.М. од Кичево.

Во несреќата и двајцата возачи се здобиле со телесни повреди.