вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Детали за страшната несреќа кај Ресен во која загинаа 4 лица

Детали за страшната несреќа кај Ресен во која загинаа 4 лица

Четири лица загинаа во тешка сообраќајка што попладнево се случила на патот Ресен – Охрид во близина на селото Крушје, потврдуваат од МВР.

Од СВР Битола за Курир потврдија дека во несреќата, која се случила околу 16:30 часот, учествувале три возила. Од се уште непознати причини дошло до судир меѓу „Мерцедес“ и „Ауди“, двете со битолски регистерски ознаки и „БМВ“ со охридски таблички.

Во несреќата, како што потврдуваат за Курир од битолската полиција, животот го загубиле четири лица, две од жртвите се од Мерцедесот, а две од Аудито.

Неофицијално, во несреќата има и повредени лица, но засега нема подетални информации за нивниот број и карактерот на повредите.

Полицискиот увид е во тек, по што се очекува да бидат познати повеќе детали.