Министерството за внатрешни работи соопшти детали за сообраќајната несреќа во која животот го загубија две лица на патот село Миладиновци-село Кадино.
-Несреќата се случила во периодот од 01.00 до 06.00 часот кога патничко возило „Џип Гранд Чироки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Д.(72) од с.Долно Лисиче, излеглo надвор од коловозот и падналo на покривот во одводен канал. Притоа, од здобиените повреди на местото на настанот починале З.Д. и сопатничката С.Д. (68) од Скопје, информираат од МВР.
Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.
По овластување на Јавен обвинител, увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.