сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

ДЕТАЛИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА – 33 годишната мајка и едно од децата загинаа, таткото и двете други деца тешко повредени!

ДЕТАЛИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА – 33 годишната мајка и едно од децата загинаа, таткото и двете други деца тешко повредени!

33 годишна мајка и нејзиното малолетно дете загинаа во сообраќајна несреќа која вчера се случи на патот Крушево- Кривогаштани.

Во автомобилот „алфа ромео“ со прилепски регистарски ознаки било цело семејство од прилепското село Канатларци, мајката, таткото и три малолетни деца.

Од засега непознати причини автомобилот излетал од патот.

Мајката, 33 годишна била пренесена во болницата во Прилеп, но им подлегнала на повредите.

Малолетното дете било итно препратено за Скопје, но починало по пат.

Таткото и другите две деца имаат тешки телесни повреди.

Во официјалното соопштение од МВР се вели дека несреќата се случила во 17 часот.

„На 02.08.2023 во 17.00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Крушево-Кривогаштани, на место викано „Студена вода“, патничко возило „алфа ромео“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.С.(35) од с.Канатларци, прилепско, излетало надвор од коловозот. По несреќата во Општата болница Прилеп биле пренесени сопатниците Џ.С.(33) од с.Канатларци, која во болницата им подлегнала на повредите, и малолетен сопатник кој бил препратен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, но при транспортот починал, а смрт констатирал лекар. Додека со тешки телесни повреди се здобил возачот и уште двајца малолетни сопатници. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Крушево.“ се вели во соопштението од МВР.