Бебето паднало од скршен прозор на влез, објави Фокус. Според информациите на овој медиум детето со својата баба се симнувало по скалите на зградата, но во еден момент се отргнало од неа и низ скршениот прозорец на меѓуспратот паднало од 2,5 метри височина.
Инаку, едногодишното бебе починало вечерва по падот од зградата кај што живеело со неговото семејство, на улицата Архиепископ Доситеј во Скопје.