понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Детали за железничката несреќа кај Велес: Петмина повредени, меѓу нив со тешки повреди и 3 месечно бебе

Министерството за внатрешнир аботи објави детализ а железничката несреќа која вчера во 19.05 часот се случи на железничка пруга Градско-Велес, на околу два километри пред влез во Велес.

Железничката незгода е случена помеѓу товарен воз, кој сообраќал на релација Гевгелија-Скопје и патничко возило „рено“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Д.(22) од Куманово, кое претходно излетало од патот и паднало на пругата.

-По незгодата, возачот Б.Д. и сопатниците А.К.(25), С.К.(21) и тримесечно бебе, сите од Неготино и Ш.М.(27) од Куманово биле пренесени во Медицински центар Велес, при што кај возачот Б.Д. и бебето биле констатирани тешки телесни повреди, додека кај останатите сопатници се констатирани телесни повреди, информираат од МВР.

Во периодот од 19.05 до 23.40 часот, за време на вршење на увидот, железничкиот сообраќај бил во прекин.