На 09.07.2023 во 00:20 часот во Полициска станица Ѓорче Петров, З.З.(41) од Скопје пријавил дека на 08.07.2023 околу 22:00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, неговиот малолетен син бил физички нападнат од повеќе малолетници.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.