На сервисна улица од бул.„Јане Сандански“ вчера околу 10:30 часот автомобил „хјундаи“, со скопски регистарски ознаки управуван од М.М.(30) од Скопје удрило во дете.
-Детето се здобило со тешки телесни повреди по што било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.