вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Дете велосипедист тешко повредено во сообраќајка во Чаир

Дете велосипедист тешко повредено во сообраќајка во Чаир
илустрација

Единаесет годишно дете е сериозно повредено во сообраќајна несреча која се случила вчера вечерта во 21 часот на улицата „Петре Георгиев“ во скопски Чаир.

Од МВР информираат дека во детето кое било со велосипед удрил автомобил „Рено Канго“ со кој управувал О.Р. (31) од Скопје.

-Во незгодата детето се здобило со тешки телесни повреди и со  возило на Итна медицинска помош било пренесено во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“, но поради сериозноста на повредите било препратено во комплексот клиники “Мајка Тереза“ за понатамошно лекување, информираат од МВР.

Од страна на увидна екипа од Секторот за внатрешни работи-Скопје бил извршен увид и се работи на целосно расчистување на случајот.