На регионалниот пат Прилеп-Македонски Брод, 16 годишник од с.Дебреште, управувајќи патничко моторно возило „Опел Зафира“ без регистарски ознаки излетал надвор од коловозот.
Несреќата се случила вчера во 23 часот.
-Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Градската општа болница Прилеп за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.